Билатерални односи со Република Чешка


Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка се воспоставени на 02.04.1994 година.


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Договор меѓу Република Македонија и Чешката Република за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данок на капитал“

  • склучен во Прага на 21 јуни 2001 година 
  • во сила од  17 јуни 2002 година

2. „Договор меѓу Република Македонија и Чешката Република за потикнување и заемна заштита на инвестициите“ 

  • склучен во Прага на 21 јуни 2001 година
  • во сила од 20 септември 2002 година 

2a. „Протокол меѓу Република Македонија и Чешката Република за измена на Договорот меѓу Република Македонија и Чешката Република за потикнување и заемна заштита на инвестициите“

  • склучен во Брисел на 05 мај 2009 година 
  • во сила од 29 октомври 2010 година

3. „Договор помеѓу Република Македонија и Чешката Република за социјално осигурување“

  • склучен во Скопје на 7 октомври 2005 година
  • во сила од 1 јануари 2007 година

4. „Спогодба меѓу Република Македонија и Чешка Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации“

  • склучена во Прага на 27 август 2008 година
  • во сила од 1 октомври 2009 година

5. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за соработка во борбата против криминалот“

  • склучен во Прага на 09 февруари 2010 година
  • Во сила од 1 март 2011 година

6. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за економска и индустриска соработка“

  • склучен во Прага на 10 февруари 2010 година
  • Во сила од 9 август 2010 година

7. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за соработка во областа на културата, образованието, науката и млади и спорт“

  • склученa во Прага на 08 февруари 2011 година
  • во сила од 24 февруари 2012 година

8. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Чешка за меѓународен патен превоз на патници и стоки“

  • склучена во Скопје на 17 април 2012 година
  • во сила од 04 октомври 2013 година

9. „Протокол меѓу Владата на РМ и Чешка Република за спроведување на Спогодбата меѓу РМ и ЕЗ за преземање лица со незаконски престој“

  • склучен во Прага на 30 ноември 2018  година
  • во сила од 1 јуни 2019 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Протокол меѓу Македонската Влада и Владата на Чешката Република за уредување на билатералната договорна состојба“ 

  • потпишан во Скопје на 06 декември 1999 година 
  • во сила од 20.12.1999 година 

2. „Протокол за соработка во областа на животната средина меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање  на Република Македонија и Министерството за животна средина на Република Чешка“

  • потпишан во Прага,  на 17 јуни 2004 година 

3. „Административна спогодба за спроведување на договорот меѓу Република Македонија и Чешката Република за социјално осигурување“

  • склучена во Скопје на 1 февруари 2006 година

4. „Еднострано укинати визи за носители на дипломатски пасоши (одлука на Владата на Чешката Република)“

  • во сила од 29 август 2006 година 

5. „Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Заводот за индустриска сопственост на Република Чешка“

  • склучен во Скопје на 14 јули 2008 година

6. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерство за внатрешни работи на Чешката Република“ 

  • склучен во Прага на 27 април 2009 година

7. „Спогодба за културна соработка меѓу Министерот за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Чешка“

  • склучена во Скопје на 19 август 2009 година. 

8. „Спогодба помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, млади и спорт на Чешката Република за соработка во областа на образованието“

  • склучена во Скопје на 21 јуни 2010 година.

9. „Меморандум за разбирање за соработка меѓу Директоратот за дипломатска академија на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Република Чешка“

  • склучен во Прага на 25 јануари 2011 година

10. “Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за соработка во областите на здравството  и медицината“

  • склучена во Скопје на 17 април 2012 година

11. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Академијата за уметност во Прага, Република Чешка“

  • склучен во Прага на 13 декември 2013 година

12. „Меморандум за разбирање меѓу  Центарот за управување со кризи со Република Македонија и Министерството за внатрешни работи- Генерален директорат ( Служба за спасување и пожари ) на Чешката Република “ 

  • склучен во Прага на 2 октомври 2014  година 

13. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Универзитетската болница Мотол, Чешка Република“

  • потпишан во Прага на 2 октомври 2014 година

14. „Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика на Република Чешка во  областите на трудот  вработувањето и социални прашања“ 

  • склучен во Прага на 26 мај 2015 година

15. „Договор за донација помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија- примател на донацијата и Министерството за внатрешни работи на Република Чешка- давател на донацијата “

  • склучен во Скопје на 16 јуни 2017 година

16. „Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на  Република  Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Чешка“

  • склучен во Скопје на 14 март 2019 година
Последно ажурирање: 23 ноември 2020